Израелската армија ја гранатираше јужна Сирија

Сподели со своите пријатели

Израелската армија рано утринава гранатираше цели на југот на Сирија, во близина на делот од Голанската висорамнина окупирана од Израел, предизвикувајќи материјална штета, објавија сириските државни медиуми, а Израел сѐ уште не ги коментира тие извештаи.

Loading...

Новинската агенција САНА соопшти дека целите биле насочени во населбата Талат Крас ал Нафл во сириската провинција Кунеитра, но не соопшти дали има жртви.

Провладиниот весник Ал-Ватан објави видео од нападот на кое се гледа експлозија откако соопшти дека е погодена „една цел“.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека цел на нападот биле милиции поврзани со либанската екстремистичка организација Хезболах во Кунеитра.

Израел, исто така, нападна цели во областа во вторникот минатата недела, се додава во соопштението.

Земјата предупреди дека ќе го запре оградувањето на Иран на нејзината северна граница и напаѓаше цели во делот на соседна Сирија контролиран од владата во Дамаск стотици пати во последниве години, но ретко ја презема одговорноста.

На почетокот на оваа година се интензивираа нападите врз Сирија, кои му се припишуваат на Израел.

Прекуграничната размена на оган кулминираше на 8 април кога израелската војска објави дека нејзините сили нападнале цели во Сирија откако шест ракети беа истрелани од јужниот дел на земјата во правец на Голан.

Loading...