Израелската амбасадорка ги критикуваше Обединетите нации

Сподели со своите пријатели

Израел остро ги критикуваше обидите на Обединетите нации да ги „изедначат своите акции во Газа“ со она што го направи „терористичката група Хамас“, инсистирајќи на тоа дека меѓународното право „не е пакт за самоубиство“, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Loading...

„Доколку државата не може да се одбрани или биде критикувана дека го прави тоа во согласност со меѓународното право, неизбежно е терористичките организации да се охрабрат да продолжат со своите акции, бидејќи веруваат во континуирана меѓународна поддршка“, рече израелската амбасадорка во Обединетите нации и меѓународни организации во Женева, Меирав Елион Шахар.

Шахар се осврна и на Иран на платформата X, по презентацијата на иранскиот министер за надворешни работи во Женева, кој зборуваше за хуманитарната ситуација во Газа, дека Техеран нема место во Газа, но дека тоа е дел од проблемот, а не решението, пренесува Танјуг.