Израелска компанија го произведе најситниот домат во светот (фото)

Сподели со своите пријатели

Израелската компанија „Кедма“ произведе домати со големина на боровница, најмалиот домат кој е произведен во Израел и во светот, пренесува АП.

Семето од парадајзот е создадено во Холандија и модифицирано да успее во суви климатски услови на јужниот делод Израел.

 

 

Рами Голан од Центарот за истражување на пустината Арава рекол дека тоа е најмалиот домат некогаш одгледан во Израел.

 

 

– Идејата зад сево ова е што е многу лесен за употреба. Само го миете и внесувате во салата. Не мора да го сечете. Само „експлодира“ во вашите уста, рекол Аријел Кидрон, одгледувач во компанијата „Кедма“.