Израелците убија 18-годишник на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека израелските сили убиле 18-годишно момче во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.

Loading...

Како што се наведува, жртвата Махмуд ал Сади била застрелана во стомакот.

Тоа е последното насилство во израелско-палестинскиот конфликт на Западниот Брег и Источен Ерусалим, во кој од почетокот на оваа година се убиени повеќе од 130 Палестинци, најмногу од 2005 година.

Израелската армија не го коментираше инцидентот, туку само соопшти дека нема воени операции во областа Џенин, туку дека имало рации на Западниот Брег и дека се уапсени тројца осомничени Палестинци. За време на апсењето во Наблус, војниците биле нападнати и возвратиле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Платформата X повторно достапна во Бразил

Израелските сили апсат осомничени палестински екстремисти речиси секоја вечер од оваа пролет, по палестинските напади во кои загинаа 19 луѓе во Израел.

Израел тврди дека рациите се неопходни за уништување на екстремистичките мрежи во време кога палестинските безбедносни сили не се во можност или не сакаат да го сторат тоа.

Палестинците предупредуваат дека рациите ги поткопуваат нивните безбедносни сили и имаат за цел да ја зацврстат децениската окупација на земјата каде што сакаат да основаат независна држава.

Во тие рации беа уапсени стотици Палестинци, а многумина сега се во таканаречен административен притвор, без обвинение или судење.

Loading...

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година и оттогаш го држи под окупација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еруптираше вулкан на Хаваи: Научниците земаат примероци од лавата (ВИДЕО)

Над 500.000 еврејски доселеници се населиле на Западниот Брег, а Палестинците се стремат да го имаат главниот дел од нивната држава на таа територија, која би го опфаќала Појасот Газа, а главниот град би бил Источен Ерусалим.