Израелците погодија куќи и мост во Либан

Сподели со своите пријатели

Израелските воздухопловни сили извршија повеќекратни напади низ Либан, вклучувајќи напади врз станбени згради и мост, соопштија локалните власти и медиумите.

Еден од нападите е регистриран во областа Хермел на североистокот од земјата, објави Ал Џезира.

Други напади се извршени во јужните области Деир Интар, Хабуш, Чехабија, Ханин и Мајдал Салем, а погодени се и станбени куќи, соопшти либанската Национална новинска агенција.

Друг напад го погоди мостот Далафа, кој поврзува делови од југот и долината Бека, откако тој мост беше цел на претходни напади во претходните денови, објавува Срна.

Досега нема извештаи за жртви или повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Таен разговор меѓу Трамп и Биби два дена пред војната: „Нема да имаме подобра шанса од оваа“