Израелците објавија фотографија од Грета Тунберг, тврдат дека е добро

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелското Министерство за надворешни работи објави фотографија од активистката Грета Тунберг откако бродот на кој пловеше со целиот екипаж беше преземен од страна на израелската морнарица.

Бродот на кој група мировни активисти предводени од Грета Тунберг отпловија кон Појасот Газа, откако беа пресретнати во меѓународни води, се наоѓа во израелското пристаниште Ашдод.

Израелското министерство уверува дека Грета и целиот екипаж се здрави, што е одговор на барањата од хуманитарните здруженија во Израел.

„Патниците во моментов се подложени на медицински прегледи за да се утврди нивната здравствена состојба“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 мртви во израелски напади врз Газа. Убиени во близина на центар за хуманитарна помош

Судејќи според претходно најавената депортација, екипажот на бродот заедно со Грета ќе бидат медицински прегледани, по што ќе бидат испорачани од аеродромот „Давид Бен Гудион“ во земјите чии државјани се.