Израел започна нов бран воздушни напади врз Бејрут (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека започнале бран воздушни напади врз инфраструктурата на проиранското милитантно движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут.

Видео објавено на платформата X од Lebanon News покажува серија гласни експлозии на приземјето од зграда и густ чад што се шири на улица каде што во тој момент имало минувачи.

ИДФ претходно денес предупреди дека ќе ги таргетира филијалите на здружението Ал Кард ал-Хасан, за кое, според нив, е познато дека Хезболах го користи како квази-банка, објавува Times of Israel.

Портпаролот на ИДФ, полковник Авихаи Адреи, изјави дека ИДФ ќе дејствува против „терористичката инфраструктура што му припаѓа на Ал Кард ал-Хасан, која е централен елемент во финансирањето на активностите на терористичката организација Хезболах и нанесувањето штета на либанската економија во служба на иранските интереси“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WSJ: Воената кампања на САД и Израел во Иран ги тестира границите на воздушната моќ

Жителите на јужните предградија на Бејрут беа повикани да се евакуираат според претходно објавените рути за евакуација, објавува Танјуг.