Израел започна нов бран напади врз Иран

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во саботата вечерта започна нов бран напади врз Иран.

Сега нападот е насочен кон иранските системи за лансирање ракети и системи за противвоздушна одбрана во центарот на земјата.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа дополнителен бран напади насочени кон ракетни фрлачи и системи за воздушна одбрана на иранскиот терористички режим во централен Иран“, соопшти војската.

Претходно денеска израелските воздухопловни сили соопштија дека денеска со околу 200 борбени авиони го извршиле својот „најголем досега“ напад во Иран.

Израелската војска соопшти дека борбените авиони истрелале стотици проектили речиси истовремено врз околу 500 ирански воени цели во западен и централен Иран во утринските часови, објави „Тајмс оф Израел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Израел го нападна Иран токму сега? „Го направија тоа за да ги нарушат преговорите“