Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимки од некои од нивните напади врз цели на Хамас.
Авиони на израелското воздухопловство фрлиле повеќе од 16 тони муниција врз Појасот Газа, според воени извори на „Тајмс оф Израел“.
Најмалку 22 лица загинаа во ненадеен напад врз Израел од страна на милитантната група Хамас во саботата наутро, според израелската спасувачка служба Маген Дејвид Адом.
МДА соопшти дека биле пријавени повеќе од 250 жртви, вклучувајќи 22 лица кои биле убиени.
Нема информации колку цивили има меѓу загинатите и ранетите.
На социјалните мрежи се појавуваат и првите снимки од уништувањето на палестинската територија откако Израел ја започна операцијата „Железни мечеви“.
Израелски проектили срамнија станбен облакодер.
עשרות מטוסי קרב של חיל האוויר תקפו לפני זמן קצר במספר מוקדים מטרות של ארגון הטרור חמאס ברצועת עזה.
דובר צה”ל שב ומבקש מהציבור להישמע להנחיות פיקוד העורף, המצילות חיים.
תיעוד מהתקיפות מוקדם יותר: pic.twitter.com/pnxdRyv4Un
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 7, 2023