Израел утрово нападна училиште во Газа, меѓу жртвите има деца и бремена жена

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа, а 21 се повредени утрово во израелско бомбардирање на училиште во градот Газа, соопшти Палестинската цивилна одбрана.

Loading...

„Телата на 13 лица беа пронајдени, додека 21 беа повредени во зори утрово по нападот на израелските окупаторски сили врз училиштето „Фахми Алџарџави“ во Газа“, соопшти цивилната одбрана.

Организацијата во неделата објави дека 22 лица се убиени во Појасот Газа, вклучувајќи бремена жена и деца во серија израелски напади.

Кон средината на март, по двомесечно примирје, Израел ја продолжи офанзивата врз Појасот Газа и ги засили воените операции на 17 мај, со цел, како што тврдат, да го уништат палестинското движење Хамас, да ги ослободат преостанатите заложници и да ја преземат контролата врз територијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас размислува за примирје, но војната се уште трае: Ќе дојде ли до договор?

Речиси 54.000 жители на Газа, претежно цивили, се убиени во израелската воена кампања, според бројките од Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа, кои ОН ги смета за веродостојни.