Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

Сподели со своите пријатели

Девет палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна и уште 81 затвореник со долги затворски казни утре ќе бидат ослободени од израелските затвори, соопшти Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници.

Loading...

Претходно, бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, ги објавија имињата на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени во сабота како дел од договорот за прекин на огнот со Израел во Газа, јавува Anadolu.

Според првата фаза од договорот, која трае 42 дена, 33 израелски затвореници ќе бидат ослободени во замена за ослободување од 1.700 до 2.000 палестински затвореници од израелските затвори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа се отвора денеска

Хамас во четвртокот ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани во Газа, додека Израел ослободи 110 палестински затвореници.

Тоа беше трета размена од ваков вид откако договорот стапи на сила на 19-ти јануари.

Во геноцидната војна на Израел од 7 октомври 2023 година, повеќе од 47.400 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Газа.