Израел уби над 50 палестински напаѓачи околу болницата Ал-Шифа

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека убила повеќе од 50 палестински вооружени лица во текот на изминатиот ден во борбите околу болницата Шифа во Појасот Газа.

Loading...

„Во текот на изминатиот ден при размената на оган беа елиминирани повеќе од 50 терористи, а беа лоцирани терористичката инфраструктура и магацини за оружје. Од почетокот на операцијата, повеќе од 140 терористи се елиминирани во областа на болницата“, се вели во соопштението, а пренесува Ројтерс.

Војската соопшти дека ги продолжува своите „прецизни оперативни активности во болницата Шифа“.

Нападот на најголемата болница во Газа започна во понеделникот, при што израелската војска го обвини Хамас дека ја користи за криење борци и планирање напади, додека палестинските власти тврдат дека се пука врз цивили внатре во болничкиот комплекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку две лица загинаа во напад на израелски дронови во близина на Газа

Истовремено, палестинските власти под контрола на Хамас објавија дека во израелските напади низ Газа во последните 24 часа загинале повеќе од 100 Палестинци, пренесува Ал Џезира.