Израел: Уапсените од флотилата минаа темелна проверка и предадени се на затворската служба

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција соопшти дека 470 активисти, кои биле приведени од морнарицата додека се обидувале да ја пробијат поморската блокада на Појасот Газа, поминале низ официјални процедури и ќе бидат депортирани.

Според полицијата, во операцијата учествувале повеќе од 600 полицајци, заедно со затворски службеници и претставници на имиграциските власти, распоредени во пристаништето Ашдод за да ги преземат приведените активисти, објави денес „Тајмс оф Израел“.

Уапсените, кои пристигнале со 41 брод, биле подложени на „темелна проверка“ пред да бидат предадени на Управата за население и имиграција и на Израелската затворска служба за понатамошна обработка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГЕРМАНИЈА ВО ГОТОВНОСТ: Мистериозни дронови над аеродромот во Минхен

Полицијата додаде дека еден брод од флотилата „Глобал Сумуд“ сè уште се движи кон Газа и дека се очекува морнарицата да го пресретне доколку продолжи да се приближува кон брегот.