Израелската војска соопшти дека околу 2.200 ракети биле истрелани од Газа кон Израел од почетокот на борбите во саботата.
Тие бројки се во спротивност со оние на воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф, кој претходно изјави дека биле лансирани 5.000 ракети.
Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари рече дека армијата ќе го зајакне јужен Израел и заедниците околу Газа.
JUST IN | The moment the
Hamas captured a number of occupation Israeli soldiers after destroying a Merkavah tank,#Israel #Palestine #Israel #Hamas #War #AlMayadeen #Palestine #Gaza #AlAqsaFlood #طوفان_الأقصى #IsraelUnderAttack
Hamza Gaza Israelpic.twitter.com/Ax2DZioB28— Singer Kumar Sanu (@KumarsanuTc) October 7, 2023
„Бројни војници, вклучително и специјални сили, се распоредени во областа околу Појасот Газа и оперираат на повеќе различни локации за да ги заштитат жителите на јужен Израел“, се вели во соопштението.
Претходно денеска медиумите објавија дека палестинските напаѓачи уништиле израелски тенк Меркава на југот на Израел и го извлекле неговиот екипаж.
Киднапирани војници
Хамас соопшти дека заробил неколку израелски војници во близина на границата со Газа за време на ненадеен напад во саботата наутро.
На видеата објавени од милитантната група, се гледаат најмалку тројца мажи облечени во цивилна облека како стојат пред вооружените напаѓачи на организацијата.
Хамас рече дека лицата биле израелски војници.
Израелските одбранбени сили рекоа дека немаат коментар, а CNN не може да ја потврди вистинитоста на тврдењата на Хамас.
🚨🚨🚨 Breaking 🇵🇸/🇮🇱 :#Hamas has posted a video of several captured Israelis#Gaza #Palestine #Israel pic.twitter.com/BmlZ7jHQI5
— OsintTV 📺 (@OsintTV) October 7, 2023