Израел спречи терористички напад во источен Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција денеска соопшти дека во соработка со безбедносната служба Шин Бет неодамна спречила планиран терористички напад во источен Ерусалим.

Loading...

Во соопштението се наведува дека двајца мажи од бегалскиот камп Шауфат, уапсени пред околу три недели, се осомничени дека планирале напад со експлозивни направи и огнено оружје, пренесува Тајмс оф Израел.

Полицијата соопшти дека мажите, двајцата на возраст од 20 години, имале врски со терористички групи на Западниот Брег и набавиле материјал за да направат експлозивна направа.

Планирале да купат и оружје, велат од полицијата.

Притворот на осомничените е продолжен до недела, кога се очекува да бидат покренати обвинение, соопшти израелската полиција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка