Израел се уште нема донесено одлука за повлекување на војниците од јужен Либан

Сподели со своите пријатели

Израел најверојатно ќе ги задржи трупите стационирани во делови од јужен Либан надвор од крајниот рок утврден со договорот за прекин на огнот потпишан во ноември, имајќи предвид дека Кабинетот за безбедност сè уште нема донесено одлука за повлекување на армијата, изјави неименуван висок израелски функционер.

Loading...

Тој изјави дека, како што се очекува, Кабинетот за безбедност сепак ќе донесе одлука, објави Тајмс оф Израел, повикувајќи се на медиумот на хебрејски јазик Ynet.

Кабинетот за безбедност доби преглед на ситуацијата на теренот за време на повеќечасовната средба синоќа, но не беше постигнат договор дали владата треба да одобри повлекување на израелските одбранбени сили (ИДФ), или да бара продолжување за 30 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас денеска треба да достави имиња на четворица израелски заложници кои треба да бидат ослободени

Според условите на прекинот на огнот, ИДФ мора да ги предаде сите свои позиции во јужен Либан на либанските вооружени сили до 26 јануари, а Израел, наводно, побарал 30-дневно продолжување на договорот за прекин на огнот, тврдејќи дека и либанската армија распоредува полека низ регионот, давајќи му време на Хезболах да се прегрупира.

Во интервју за „Инет“ во пресрет на владината седница, неименуван висок функционер оцени дека до недела нема да биде целосно завршено повлекувањето на израелските сили од јужен Либан, а припадниците на ИДФ ќе останат во одредени области.

Тој нагласи дека тоа ќе биде во координација со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Голема количина помош пристигнува во Газа по прекинот на огнот