Израел: Пукање на автопат, едно лице загина, тројца повредени

Сподели со своите пријатели

Во престрелка на крајбрежниот автопат на југот на Израел, еден маж е убиен, а тројца се ранети.

Loading...

Како што пренесува Тајмс оф Израел, тешко ранетиот починал при транспорт во болница.

Нападот се случил во близина на раскрсницата Јавна, северно од Ашдод, а лекарот кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените бил полесно повреден кога во него удрил друг автомобил.

Се верува дека напаѓачот пукал во луѓе од две одделни локации долж автопатот меѓу Ашдод и Јавне.

Сообраќајот на местото на настанот е запрен, а полицијата го пребарува теренот за да исклучи присуство на друг напаѓач, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија одобри пет милиони евра за помош на УНРВА, Мелони најави посетата на Либан