Израел ја бомбардираше Газа доцна во ноќта, а во нападот на бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа загинаа најмалку 18 лица.
Би-би-си јавува дека во текот на ноќта Газа била постојано изложена на напади од воздух, но и од земја.
Израелската армија им нареди на луѓето во друг камп, Буреи, да одат на југ за копнена офанзива.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара зголемување на хуманитарната помош за Газа, без да бара итен прекин на огнот.
Палестинската новинска агенција Вафа јави дека најмалку 18 лица загинале, а десетици се повредени во бомбардирањето на Нусејрат, во центарот на Газа.
Во воздушниот напад е уништена и фабрика за прочистување на водата во Џабалија, на северот од Газа.