Израелската армија предложи план за евакуација на цивилите во Појасот Газа, соопшти утрово Владата на Израел пред евентуална офанзива во Рафах.
Loading...
Армијата „на воениот кабинет му претстави план за евакуација на населението од борбените зони во Појасот Газа, како и план за идни операции“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Детали за начинот на евакуација, како и локацијата не се соопштени.
Премиерот на Израел сака да започне копнена операција во Рафа, за која вели дека е „последниот бастион“ на исламистичкото движење Хамас.
Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 92 Палестинци биле убиени во Појасот Газа во израелските напади во текот на ноќта.