Израел повторно ја нападна Газа: Авиони бомбардираа во Хамас (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Воените авиони на Израел ги бомбардираа позициите на Хамас во Газа, како одговор на запаливи балони ослободени од таа палестинска енклава и кои предизвикаа пожари во јужен Израел, соопшти израелската армија.

Loading...

Засега нема извештаи за жртви во нападите, чии цели беа, како што објави армијата, фабрика за производство на оружје и лансирна рампа за ракети кои припаѓаат на Хамас, пренесува Ројтерс.

 

 

Откако стапи во сила прекинот на огнот во мај по 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас, од Газа повремено се пуштаа балони со гас кон Израел.

Палестинците велат дека сакаат да извршат притисок врз Израел да ги ублажи ограничувањата за Газа и да дозволи помош да стигне на територијата.

 

Loading...