Израел повторно го нападна јужниот дел на Либан

Сподели со своите пријатели

Пет лица се повредени денеска во напад на израелски дрон врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Loading...

Во вторникот вечерта, израелските воздушни напади повредија 24 лица во Набатие, голем град во јужен Либан, јавува Ројтерс.

Израелската војска соопшти дека мета биле возила на Хезболах кои носеле оружје на периферијата на Набатија.

По нападот на Набатија, високиот функционер на Хезболах Мохамед Рад рече дека правото на либанскиот народ да се спротивстави на израелските напади е „свето и легитимно право“.

Тој нагласи дека ова право „треба да се искористи кога се смета дека е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата“.

Либанскиот Хезболах и Израел се согласија на прекин на огнот на крајот на ноември минатата година, ставајќи крај на повеќемесечниот конфликт предизвикан од војната во Газа.

САД во неделата соопштија дека договорот меѓу Либан и Израел, кој вклучува првичен период од 60 дена за повлекување на израелските трупи, ќе остане на сила до 18 февруари, што е продолжување на претходно договорениот рок од 26 јануари.