Израелската армија е подготвена да ги прошири своите акции против шиитската милиција Хезболах во Либан, за што веќе се подготвени планови, пренесуваат агенциите.
Loading...
„Денеска одобривме различни планови за иднината и мора да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно“, рече началникот на Генералштабот Херзи Халеви во средата за време на посетата на воениот штаб во градот Сафед.
Халеви нагласи дека израелските одбранбени сили (ИДФ) и нивната северна команда се „на многу високо ниво на подготвеност“.
Израелската армија е ангажирана во постојани борби со единиците на Хезболах во јужен Либан, откако исламистичкиот Хамас со седиште во Газа ја нападна граничната област во јужен Израел на 7 октомври.