Израел одобри вакцината против Ковид-19 да се дава на деца на возраст од пет до 11 години.
Одлуката на Министерството за здравство на Израел беше донесена синоќа, бидејќи имунизацијата за таа возраст беше одобрена во САД на почетокот на ноември.
Израел е една од првите земји што започна масовна кампања за вакцинација за возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година и стана првата земја во светот што започна широка кампања за засилување во текот на летото.
Експертите велат дека таквите напори помогнале да се запре ширењето на коронавирусот и да се стави под контрола најновиот бран на инфекции со видот делта.
Сепак, корона вирусот продолжи да се шири меѓу невакцинираната популација, вклучително и децата.
Како што се наведува во соопштението, генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Аш, ја прифатил препораката на стручниот советник за имунизација на децата со вакцината Pfizer/Biontek.
Повеќето советници веруваат дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.
Министерството најави дека во наредните денови ќе го објави почетокот на кампањата.
Израелските медиуми објавија дека вакцинацијата со детската доза од вакцината се очекува да започне следната недела.