Израел одобри ослободување на 50 Палестинки, ако Хамас ослободи уште затвореници

Сподели со своите пријатели

Израел одобри додавање на 50 палестински затворенички на списокот на оние што планира да ги ослободи според договорот за размена со Хамас, доколку палестинската група ослободи повеќе израелски затвореници кои се чуваат во Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано во вторникот.

Loading...

„Владата одобри вклучување на 50 затворенички на списокот на оние кои ги исполнуваат условите во случај да бидат ослободени дополнителни израелски заложници“, беше објавено.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека меѓу палестинските затвореници кои се очекува да бидат ослободени е и активистката Ахед Тамими.

Израелските сили ја уапсија Тамими во 2017 година и ја затворија осум месеци пред повторно да ја уапсат на 6 ноември оваа година во селото Наби Салех на окупираниот Западен Брег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас се согласил да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцнежна фаза

Канцеларијата на Нетанјаху рано во вторникот објави дека Тел Авив добил листа на заложници кои се очекува да бидат ослободени подоцна во текот на денот.

Здружението на палестински затвореници, невладина организација, во вторникот наутро објави дека израелските власти сè уште држат во затвор 60 Палестинки, повеќето од нив притворени по 7 октомври.