Израел очекува 40% заразени, залихите на антиген тестови се помали

Сподели со своите пријатели

Владата ја ревидира политиката за тестирање и од петокот утврди дека PCR тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години.

Loading...

Во Израел, до 40 отсто од населението може да биде заразено со коронавирус во сегашниот бран, рече премиерот Нафтали Бенет, а капацитетите за тестирање низ целата земја се преоптоварени.

„Податоците презентирани на владиниот состанок покажуваат дека овде, во Израел, вкупно меѓу два и четири милиони граѓани ќе бидат заразени во овој сегашен бран“, рече Бенет.

Израел, земја со само 9,4 милиони жители, минатата недела забележа речиси четири пати поголем број на заразени во споредба со претходната. Министерството за здравство во саботата регистрира 17.518 новозаразени.

Недостигот на места за тестирање создаде голем притисок врз постојните, поради што владата ја ревидираше својата политика за тестирање и од петок утврди дека ПЦР тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години, пренесува Хина.

Сите останати мора да направат антиген тест, или дома или на лекар. Сепак, се покажа дека дури и новите упатства не може да се следат.

Во аптеките низ земјава залихите на антигенски тестови стануваат „потенки“, а луѓето чекаат во редици со часови.

Бенет повтори дека ќе стори сé што е можно за да избегне затворање, што, според него, не се покажало како ефикасна мерка против ширењето на многу заразната варијанта омикрон и која може да и нанесе тежок удар на економијата.

Loading...

„Нашата цел останува иста – да ја одржиме економијата во функција што е можно повеќе и да ги заштитиме најзагрозените“, рече тој.

Израел почна да ослободува вакцинирани патници во земјата во неделата, шест недели откако целосно ги затвори своите граници во обид да се подготви за неизбежниот петти бран преку вакцинација и набавка на лекови.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека повеќе од 4,3 милиони Израелци биле целосно вакцинирани со три дози, а 204 лица биле хоспитализирани во тешка состојба поради Ковидус во неделата.

Повеќе од 1,5 милиони случаи на ковид се официјално пријавени во Израел, вклучувајќи 8,269 смртни случаи.