Израел објави затворање на единствената улица што води во Газа од југ

Сподели со своите пријатели

Израелската армија објави дека ќе го блокира последниот премин кон Појасот Газа на југ од палестинската територија од денес напладне.

„Жители на Газа, улицата Ал-Рашид ќе биде затворена за сообраќај од јужната зона на Појасот од 12:00 часот“, изјави портпаролот на израелската армија, полковник Авишај Андрае, во соопштение на арапски јазик.

Објавата беше објавена на социјалните мрежи во време кога израелската армија ја интензивира својата офанзива врз градот Газа, на север од палестинската територија.

Како што беше додадено, премин кон југ ќе биде дозволен за оние кои сè уште не биле во можност да се евакуираат од градот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел планира 110 милијарди долари за купување оружје, се споменува Германија

„Во оваа фаза, израелската влада дозволува премин кон југ слободно и без контрола“, се додава во соопштението.