Израел објави дека го убиле шефот на Хезболах, Хасан Насрала

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека е убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Loading...

Во соопштението споделено на профилот на X на ИДФ, се вели: „Хасан Насрала повеќе нема да може да го тероризира светот“.

Изјавата уследи по серијата напади во текот на ноќта во Бејрут за кои Израел рече дека цел биле Насрала и други команданти на Хезболах.

Засега нема потврда од Хезболах дека нивниот лидер е убиен.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека освен Хасан Насралах, биле убиени и други високи членови на групата поддржана од Иран, вклучувајќи го и командантот на јужниот фронт на Хезболах.

Се наведува дека воените авиони извршиле „целен удар“ врз штабот на Хезболах, за кој се вели дека е „под земја сместена под станбена зграда во областа Дахиех во Бејрут“.

Се додава дека нападот бил извршен додека „високиот синџир на команда“ на групата дејствувал од јужното предградие на Бејрут Дахиех, едно од упориштата на Хезболах.

Шеикот Хасан Насрала, водачот на либанското движење Хезболах, е еден од најпознатите и највлијателните луѓе на Блискиот Исток.

Loading...

Насрала со години не е виден во јавноста поради страв дека Израел ќе го убие.

Западните медиуми велат дека со блиски лични врски со Иран, тој одиграл клучна улога во претворањето на Хезболах во политичка и воена сила каква што е денес.

Под водство на Насралах, Хезболах помагаше во обуката на борците од палестинската вооружена група Хамас, како и милициите во Ирак и Јемен, а добија проектили и ракети од Иран за употреба против Израел.