Израел нареди нова евакуација на населението од делови на Газа

Сподели со своите пријатели

Денеска Израел нареди нова евакуација од делови од градот Газа, квартовите Зајтон и Туркоман на јужниот раб на градот, пренесува АП.

Loading...

Жителите рекоа дека во последните два дена имало воздушни напади и тешки копнени борби во источните делови на градот Газа и дека биле заробени во своите домови.

Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври, загинаа повеќе од 29.000 Палестинци, а повеќе од 80 отсто од населението на таа палестинска енклава е раселено.