Израел најави продолжување на прекинот на огнот во Газа

Сподели со своите пријатели

По израелските воздушни напади во Појасот Газа во текот на ноќта и утринава, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека примирјето ќе продолжи денеска во 10 часот.

„ИДФ ќе продолжи да го почитува договорот за прекин на огнот и одлучно ќе одговори на секое негово прекршување“, се вели во соопштението, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата исто така наведе дека за време на нападот биле погодени десетици „терористички цели и оперативци“ на Хамас, вклучително и повеќе од 30 команданти, пишува „Тајмс оф Израел“.

Прекинот на огнот се спроведува во согласност со директивата на политичкиот ешалон, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Примирјето во Газа сè уште е во сила и покрај судирите

Според последните податоци, бројот на жртвите во Газа во израелските напади извршени синоќа се искачи на 81, соопштија болничките власти.