Израел најави „ескалација“ во Газа

Сподели со своите пријатели

Денеска израелската армија одржа прес-конференција на која говореше портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари.

Loading...

Утрово, да потсетиме, веќе слушнавме како ИДФ тврдеше дека убила „десетици“ милитанти на Хамас во текот на ноќта.

Хагари вели дека силите „постепено напредуваат“ во Газа како дел од копнената операција и дека имало „директен контакт“ со борците на Хамас.

Исто така, се предупредува дека активностите ќе „ескалираат“, а израелските сили се ставени во „висока готовност“ долж северната граница.

„Постои директен контакт меѓу нашите сили и терористите“

„Нашите активности и операции ќе продолжат и ќе ескалираат според фазите на војната“, рече тој, а потоа додаде:

„Ова е проширена копнена операција во Појасот Газа. Копнените сили, тенковите, пешадиските сили, силите на оклопниот кор се движат кон терористите“, рече тој.

„Терористите се групираа во одредени области за да се обидат да ги таргетираат нашите сили, а ние ги напаѓаме од воздух, па успеавме да нападнеме и да убиеме 20 терористи. Има и директен контакт меѓу копнените сили и терористите. Во појасот Газа се водат борби“, рече тој.