Израел му достави на Египет список на Палестинци кои нема да ги ослободи

Сподели со своите пријатели

За време на учеството во мировните преговори во Каиро, претставниците на Израел му доставија на Египет список со палестински затвореници кои Тел Авив не е подготвен да ги ослободи доколку се постигне договор за размена на заложници со Хамас.

Израелската делегација ќе се врати во Каиро следната недела за да ги продолжи разговорите, пишува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на Канал 12.

Во преговорите во Египет учествуваа претставници на таа земја, Израел, Катар и САД, а во нацрт-предлогот за прекин на огнот во Газа беше наведено Хамас да ослободи 40 израелски заложници, меѓу кои и жени, помлади од 19 години, болни и над 50 години, додека Израелците би ослободиле околу 400 палестински затвореници кои нема да бидат повторно уапсени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ужасни детали: Најмалку 135 осакатени тела на Палестинци се чувале во озлогласен израелски затвор

Американскиот претседател Џозеф Бајден во четвртокот оцени дека убиството на повеќе од 100 Палестинци кои чекале хуманитарна помош во Газа ќе ги усложни преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.