Израел ќе достави околу 700.000 вакцини против Ковид 19 во Јужна Кореја овој месец од „Фајзер“ и „Бионтек“, на кои наскоро ќе им истече рокот, а таа земја ќе му ги врати на Израел истиот број вакцини кога ќе ги добие дозите што ги нарачала од „Фајзер“ во септември и октомври.
Јужна Кореја брзо ги исцрпува вакцините со кои располага, но тешко е да се добијат доволно дози на време поради ограничените глобални залихи, особено во Азија.
– Ова е победничка ситуација за секого. Заедно ќе ја добиеме пандемијата – рече израелскиот премиер Нафтали Бенет.
Портпарол на Министерството за здравство на Јужна Кореја изјави дека не може да го коментира овој договор, за кој прв објави израелскиот весник „Харец“.
Израел оствари највисока стапка на имунизација во светот во претходниот период и достигна 55 проценти од населението кое ги прими двете дози, но во меѓувреме одговорот на вакцинацијата се намали.
Јужна Кореја минатата недела објави дека се надева дека ќе постигне групен имунитет пред ноември, што беше претходна цел и дека сака да вакцинира најмалку 70 проценти од своето население со најмалку една доза на вакцина, пред се „Фајзер“.

