Израел ќе дозволи повторно отворање на преминот Рафах

Сподели со своите пријатели

Израел ќе дозволи повторно отворање на клучниот премин Рафах во Газа во среда за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до палестинската територија, објави израелскиот јавен радиодифузер КАН.

– Шестотини камиони со хуманитарна помош ќе бидат испратени (во среда) во Појасот Газа од страна на ОН, одобрени меѓународни организации, приватниот сектор и земјите донатори – објави КАН на својата веб-страница без да го наведе изворот.

Израелскиот јавен радиодифузер известува дека повторното отворање на јужниот премин Рафах, за кое одлучи „политичкиот ешалон“, следува откако Хамас ги предаде останките на уште четири заложници во вторник вечерта, во согласност со договорот за прекин на огнот за палестинската територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Хамас ќе биде разоружан, доколку е потребно и со сила

Израел ги откажа планираните мерки против Хамас, кои вклучуваа удвојување на бројот на камиони со помош што влегуваат во енклавата, објави Ројтерс.