Израел Кац: Газа ќе биде срамнета со земја ако Хамас не се предаде

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Појасот Газа ќе биде „срамнет со земја“ ако Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците што ги држи 23 месеци.

„Ако терористите на Хамас не го положат оружјето и не ги ослободат сите заложници, тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде срамнета со земја“, рече Кац денес во објава на социјалната мрежа X.

Според палестински извори, во понеделник беа погодени неколку високи згради, додека Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија напади врз две згради.

Во изминатите неколку дена, ИДФ изврши неколку напади врз солитери во Газа, за кои тврди дека ги користи Хамас за спроведување операции против израелските трупи, откако претходно ги предупреди жителите да ја напуштат областа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел за прв пат нареди целосна евакуација на Газа пред копнената инвазија

„Триесет високи згради што се користеа за терористички активности беа нападнати и уништени, а десетици дополнителни цели беа бомбардирани за да се оневозможи надзорот и да се нападне инфраструктурата, како и да се отвори патот за копнените сили“, рече Кац во објава на социјалната мрежа X, заедно со видео на кое се гледа уривањето на солитер во градот Газа.