Израел ја нападна Хезболах во Либан

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека извршила воздушни напади во Либан насочени кон шиитското движење Хезболах, сојузник на палестинскиот исламистички Хамас.

Loading...

„Борбени авиони пред кратко време ја нападнаа инфраструктурата на терористичката организација Хезболах на либанска територија“, соопшти армијата преку платформата Икс.

Се додава дека е уништено оружје, позиции и места што ги користела таа организација.

Зголемените тензии на израелско-либанската граница ги зголемуваат стравувањата од регионално ширење на војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври кога палестинското исламистичко движење ја нападна израелската територија и уби повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, според израелските власти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува

Хамас објави дека повеќе од 8.300 луѓе, главно цивили, се убиени во израелските одмазднички бомбардирања во Појасот Газа.

Хезболах вчера објави дека еден нејзин борец е убиен, со што бројот на убиени членови на Хезболах од 7 октомври на 47 се искачи.

Либанскиот премиер Наџиб Микати вчера изјави за Франс прес дека неговата земја прави се што е во нејзина моќ за да не биде вовлечена во конфликтот и дека стравува дека „ескалацијата може да влијае на целиот регион“.