Израел ја критикува ЕУ: Санкциите испраќаат лоша порака и го зајакнуваат Хамас

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Израел денес ја критикуваше Европската Унија за, како што рече, испраќање „лоша порака“ по предлогот за воведување санкции што го презентираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред европратениците.

„Говорот што го одржа денес претседателката на Европската комисија е жален. Уште еднаш Европа испраќа лоша порака што го зајакнува Хамас и неговите сојузници на Блискиот Исток“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, на мрежата X.

Поради војната што Израел ја води во Појасот Газа, Европската комисија ќе ја замрзне финансиската помош и делумно ќе ги суспендира трговските односи со таа земја, изјави денес претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погоден уште еден брод од флотилата за Газа, се сомневаат за напад со дрон (ВИДЕО)

Во својот говор за состојбата на Унијата во Европскиот парламент, фон дер Лајен рече дека сите плаќања кон Израел ќе бидат суспендирани, но таа нагласи дека ова не важи за соработката на ЕУ со израелското граѓанско општество и меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем.