Израел ја гранатира Газа

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека почнала да гаѓа цели во Појасот Газа како одговор на лансирањето проектили од тоа подрачје.

Loading...

„Армијата изведува напади во Појасот Газа како одговор на ракета истрелана синоќа во правец на областа Ашкелон“, напиша на Твитер портпаролот на израелските одбранбени сили Авичај Едри.

Според палестинските медиуми, израелски авиони ги нападнале позициите на владејачкото палестинско движење Хамас во централниот дел на Појасот Газа.

Претходно денеска прес-службата на израелската армија објави дека израелскиот систем за противвоздушна одбрана пресретнал проектил истрелан на израелска територија од Појасот Газа, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Израел користел бомба од 230 килограми во напад врз кафуле полно со луѓе во Газа?

Во околината на градот Ашкелон и областите на границата со Појасот Газа се огласи предупредувачки сигнал за можен ракетен напад.