Израел изврши воздушни напади врз Кан Јунис на југот на Газа

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека во текот на ноќта извршиле бран воздушни напади врз Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во кои, според палестински медицински извори, загинале најмалку осум лица, а повеќе од 30 ранети.

Loading...

ИДФ соопшти дека нападите биле насочени кон локации во областа на градот од каде во понеделникот биле истрелани 20 ракети врз градовите во јужен Израел.

Израелската армија посочува дека наредила евакуација на цивилите пред нападот.

Локациите вклучуваа складиште за оружје, стан што го користат терористи и друга инфраструктура, соопшти израелската војска, објави „Тајмс оф Израел“.

Пред нападот, израелската армија им нареди на Палестинците кои живеат во источните области на Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, веднаш да се евакуираат.

Очевидци рекоа дека имало повеќе израелски напади во и околу Кан Јунис, при што загинале најмалку осум лица, а повеќе од 30 се ранети, според медицински извори и палестинската Црвена полумесечина.

Бомбардирањето уследи по ракетниот напад врз израелските населби во близина на границата со Појасот Газа, за кој одговорност презеде палестинскиот исламски џихад, организација која се бори заедно со Хамас против Израел.