Израел изврши воздушен напад во близина на сирискиот град Баниас

Сподели со своите пријатели

Израелскиот воздушен напад во близина на сирискиот град Баниас на брегот на Средоземното Море предизвика материјална штета, но нема повредени или загинати, соопшти денеска сириското Министерство за одбрана.

Loading...

Како што е наведено, Израел изврши воздушен напад од правец на Медитеранот, гаѓајќи цел во близина на Баниас, пренесува Al Arabiya News.

Ова е трет ваков напад на подрачјето на овој град од почетокот на годинава, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Организацијата со седиште во Велика Британија, исто така, соопшти дека две израелски ракети погодиле најмалку две згради, од кои едната припаѓала на баталјон за воздушна одбрана.