Израел изврши напад врз позицијата на Хезболах во Либан

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека синоќа извршиле воздушен напад врз локација на Хезболах во јужен Либан, како одговор на вчерашните ракети истрелани врз Израел.

Ракетите биле насочени кон позицијата на ИДФ на Голанската висорамнина, но паднале во Сирија, пишува The Times of Israel.

Либанската шиитска милитантна група Хезболах изведува повремени ракетни напади врз Израел од 7 октомври, кога палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври изврши ракетен напад врз јужен Израел, по што следеше копнена инвазија.

Израел одговори со удари врз Појасот Газа и блокада на таа палестинска енклава, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку навистина се оштетени нуклеарните постројки на Иран?