Израел: Извршени воздушни и артилериски напади врз Либан

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава соопштија дека извршиле воздушни и артилериски напади врз Либан, откако од таа земја беше истрелан проектил кон еден од израелските беспилотни летала, ракети лансирани кон Израел.

Loading...

ИДФ соопшти дека ракета земја-воздух била истрелана кон израелско беспилотно летало претходно во текот на ноќта, но дронот не бил погоден, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелските копнени сили истрелаа артилериски гранати откако проектили од Либан беа лансирани во регионот на планината Дов и планината Хермон, се вели во соопштението.

Израел се соочува со постојано зголемување на нападите од Либан, предводени од либанската милитантна група Хезболах, долж израелската северна граница од почетокот на израелската војна со Хамас на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка