Израел издаде нова наредба за евакуација од Кан Јунис, на удар 250.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) процени дека 250.000 луѓе ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис, бидејќи израелските власти издадоа нова наредба за евакуација.

Loading...

„Само неколку недели откако луѓето беа принудени да се вратат во разурнатиот Кан Јунис, израелските власти издадоа нови наредби за евакуација на областа. Повторно, семејствата се соочуваат со принудно раселување. Проценуваме дека 250.000 луѓе ќе мора да избегаат. Иако никаде не е безбедно во Газа“, напиша UNRWA на X.

Пред само неколку недели, Кан Јунис беше напуштен откако израелските напади оштетија или уништија куќи и згради.

„Тоа е уште еден удар за луѓето и семејствата. Се чини дека тие се насилно раселени повторно и повторно“, рече високиот офицер за комуникации на агенцијата, Луиз Вотериџ.