Денеска израелската армија им нареди на Палестинците привремено да се евакуираат од јужните делови на Кан Јунис за да може таму да изврши воени операции.
На жителите од овој регион на Газа им било кажано дека можат да се преселат во хуманитарната зона Ал-Маваси, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.
Израелската армија вчера соопшти дека нејзините сили уништиле тунели и друга инфраструктура на палестинската милитантна група Хамас, во обид да ги потиснат малите единици милитанти кои продолжуваат да ги гаѓаат израелските војници со минофрлачи.
Повеќе од 39.000 Палестинци загинале од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година, според проценките на здравствените служби во Газа.
Израелските власти проценуваат дека околу 14.000 борци на Хамас и Исламски џихад се убиени или заробени.