Израел и Полска ги обновуваат односите

Сподели со своите пријатели

Израел и Полска решија да ги обноват односите нарушени минатата година, откако Варшава усвои закон со кој на Евреите им отежнува враќањето на имотот конфискуван во Втората светска војна, но сега двете земји повторно ќе разменат амбасадори.

Loading...

Оваа одлука е пресвртница за новиот израелски премиер Јаир Лапид, кој како шеф на дипломатијата тој закон го нарече „антисемитски и неморален“, пренесува Хина.

Станува збор за закон кој се однесува на имотот кој најпрвин бил конфискуван од германските нацистички окупатори, а потоа го задржале за себе повоените комунистички владетели.

„Беше договорено нашите односи да се обноват и да се вратат на вистинскиот пат“, соопшти кабинетот на израелскиот претседател Исак Херцог по разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

„Нема губитници или победници“

„Двајцата претседатели изразија надеж дека сите идни проблеми ќе бидат решени преку искрен и отворен дијалог и во дух на взаемно почитување“, се додава во соопштението.

Кабинетот на претседателот Дуда соопшти дека полскиот амбасадор во Израел, кој беше отповикан за време на спорот, ќе се врати.

Од кабинетот на Херцог соопштија дека новоименуваниот амбасадор во Полска наскоро ќе ги предаде акредитивните писма.

„Се обидуваме да ги подобриме односите со Израел. Нема губитници или победници. Даваме уште една шанса за воспоставување нормални односи“, изјави Јакуб Кумоч, советник на полскиот претседател за надворешна политика.

Loading...