Израел и палестинската милитантна група Хамас изразија загриженост поради списокот на заложници и затвореници кои се очекува да бидат ослободени на последниот договорен ден од прекинот на огнот, пишува Ројтерс.
„Имаше мал проблем со денешниот список. Катарските посредници соработуваат со двете страни за да се избегнат одложувања“, објави официјалниот претставник.
Во текот на претходните три дена Израел ги објави имињата на жените и децата кои требаше да бидат ослободени од затвор, а Хамас ги објави имињата на заложниците што ќе ги ослободи 12 часа однапред.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека примил список на заложници кои „се разгледуваат и оценуваат во Израел“.
Беше преговарано за ослободување на 50 израелски заложници, од кои 40 беа ослободени во замена за 150 палестински жени и деца.
Израел претходно постави услови за продолжување на примирјето, што би подразбирало 10 ослободени на дополнителен ден од примирјето.
Египет, Катар и САД повикаа на продолжување на прекинот на огнот, пренесува Танјуг.