Израел граѓаше со ракети цели во Сирија

Сподели со своите пријатели

Израел истрела неколку проектили на позиции во сириската погранична провинција Кунеитра, а нападот предизвика „материјална штета“, се вели во денешното соопштение на сириската армија, пренесува Ројтерс.

Loading...

Во соопштението не се наведени детали за позициите и локациите кои биле цел на нападот.

Ројтерс понатаму наведува дека ракетите биле истрелани половина час по полноќ по локално време, од позициите на Голанската висорамнина, која е под израелска окупација, од другата страна на тампон зоната, која е под контрола на ОН.

Нема израелски коментар

Портпаролот на израелската војска одби да го коментира нападот.

Израел често напаѓа ирански цели во Сирија, каде што силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, беа распоредени во изминатата деценија за да го поддржат претседателот Башар ал Асад против бунтовниците кои се обидуваат да му стават крај на 50-годишното владеење на неговото семејство.