Од декември, вакцинирани се повеќе од една третина од населението во Израел, што се смета за најбрза кампања за вакцинација по глава на жител во светот. Од девет милиони граѓани, повеќе од 3,4 милиони примиле вакцина.
Сепак, и покрај забрзаната имунизација, дневно се регистрираат околу 6.500 нови случаи на инфекција со КОВИД-19. Бројот на позитиви, сепак, се намалува во споредба со средината на јануари кога имаше околу 8.000.
Од вчера, на Израелците веќе не им е забрането да одат само еден километар од нивниот дом. Почнаа да работат фризерските и козметички салони, во кои може да има едно лице кое ќе дава услуги на еден клиент. И парковите се повторно отворени.
Хотелите се уште се затворени, а рестораните ќе имаат дозвола само да подготвуваат храна за носење, а во пансиони можат да престојуваат само членови на исто семејство. Прекинот на меѓународните летови останува на сила до 20 февруари, заедно со затворањето на копнените граници на Израел.