Израел го засили бомбардирањето на Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Израелските тенкови и авиони го интензивираа бомбардирањето на северниот дел на Појасот Газа, како и на Кан Јунис и Рафах на југ и на палестинската енклава, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на локалните жители, властите и медиумите.

Loading...

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа, а неколку се ранети во израелски воздушен напад врз куќа во Кан Јунис рано утринава, соопштија палестинските здравствени власти.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека десетици луѓе се убиени или повредени во израелските воздушни напади врз Кан Јунис и Рафа во текот на ноќта, пренесува Ројтерс.

Еден од ударите погоди станбен блок во близина на кувајтската болница во Рафа, додаде ВАФА.

На видеата направени рано утринава од Израел, може да се забележат дебели, црни облаци од чад како се издигнуваат во воздухот од јужниот дел на Појасот Газа.

Ројтерс известува дека Израел напаѓа долж целата 40-километарска граница со Појасот Газа, без знаци на прекин за да се дозволи испорака на очајно потребните основни средства за преживување на цивилите чии домови се уништени.

Израел ја започна својата воена кампања во Газа како одмазда за упадот на Хамас, чии борци убија 1.200 Израелци и зедоа 240 заложници во прекуграничен напад на 7 октомври.

Израелските сили ја опколија енклавата и срамнија голем дел од неа, со речиси 19.000 потврдени мртви, според палестинските здравствени власти, а илјадници други затрупани под урнатините.

Loading...