Израел соопшти дека идентификувал ракети лансирани од Иран, околу два часа по почетокот на прекинот на огнот.
Сирени се слушаа низ целиот северен Израел.
Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат примирјето
Израел и Иран официјално потврдија дека го прифатиле договорот за прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави крај на 12-дневната израелско-иранска војна.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп.
„Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на огнот“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху ја информираше владата дека Израел ги постигнал сите свои воени цели во операцијата против Иран, вклучително и отстранувањето на нуклеарните и балистичките ракетни програми и военото раководство.
Израел оштети неколку владини објекти и доби контрола врз небото на Техеран, рече Нетанјаху.
Прифаќањето на договорот дојде откако Техеран го започна својот последен ракетен напад врз Израел, при што загинаа најмалку четири лица, а ранети беа 22, додека Израел пред зори започна блиц воздушни напади насочени кон локации низ Иран.
Трамп објави дека примирјето меѓу Иран и Израел стапи на сила
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека примирјето меѓу Израел и Иран стапи на сила рано утрово, јавува Би-Би-Си.
Иран објави дека ако Израел ги запре нападите, и тие ќе ги запрат своите напади, додека Израел сè уште не се изјасни, иако нема регистрирани израелски напади.
Израел соопшти дека Иран истрелал нов бран ракети утрово, при што загинале четири лица, а ранети се 22 во јужниот град Бершеба, додека експлозии се слушнале во Ерусалим.