Израел го бомбардираше централното подрачје на Бејрут во четвртокот рано наутро.
Најмалку пет лица беа убиени, откако неговите сили го претрпеа најсмртоносниот ден на либанскиот фронт во една година борби против Хезболах, милитантната група поддржана од Иран.
Израел објави дека извршил прецизен воздушен напад врз Бејрут, пишува RSE.
Очевидци на Ројтерс изјавија дека слушнале огромна експлозија, а извор од безбедносните сили рече дека целта била зграда во областа Бачура во центарот на Бејрут во близина на парламентот.
Три ракети го погодија и јужното предградие Дахија, каде минатата недела беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
Во средата беа извршени десетици израелски напади врз јужните предградија.
Хезболах е и вооружена група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан.
САД ја сметаат за терористичка организација, иако Европската унија го стави на црната листа само своето вооружено крило.